Кина: Поранешни министри исклучени од Комунистичката партија поради мито и корупција

Од:

Раководството на кинеската Комунистичка партија (ККП) денеска одлучи да ги исклучи од партијата поранешните министри за одбрана Веи Фенге и Ли Шангфу поради сомневање за мито и корупција.

Фенге и Шангфу, кои претходно служеа и како членови на Централната воена комисија (ЦВК) и државни советници, беа дисквалификувани како делегати на 20-от Национален конгрес на ККП, беше објавено на состанокот на Политичкото биро на Централниот комитет на партијата, пренесува China Daily.

Според резултатите од истрагата, двајцата функционери сериозно ја нарушиле политичката и организациската дисциплина, помагајќи им на другите да добијат бенефиции во кадровските аранжмани, а за возврат добивале пари и подароци.

Тие ја искористија својата позиција за да бараат бенефиции за другите, добивајќи огромни суми пари и скапоцености, се вели во извештајот.

Партиското политичко биро исто така одлучи да го предаде предметот на Фенге и Шангфу на обвинителството и да ги гони.

ЦВК претходно донесе одлука да ги избрка Фенгеј и Шангфу од воена служба и да им го одземе чинот генерал.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени