Кина: Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната програма во замена за прекин на маневрите на САД и Сеул

Од:

Кина предлага Северна Кореја да се откаже од ракетно-нуклеарната програма во замена за прекин на заедничките американско-јужнокорејски воени вежби, изјави денеска на прес-конференција во Пекинг кинескиот министер за надворешни работи Ван И.

Тој ја спореди ескалацијата на тензиите на Корејскиот Полуостров со „два воза, кои се побрзо се движат еден кон друг и ниту еден не сака да се тргне од патот“.

– Навистина ли двете страни се подготвени за директен судир? Наш приоритет е да го вклучиме црвениот семафор и да ги притиснеме сопирачките и на двата воза, истакна шефот на кинеската дипломатија.

Според него, отстапките од двете страни можат да помогнат за излез од безбедносната дилема и да ги врати земјите на преговарачка маса.

Би можело да ве интересира

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета