Кина одбива да прими германски пратеник поради критиките за Тибет

Од:

 Официјален Пекинг одби да го прими германскиот пратеник Михаел Бранд, кој е претседател на Комисијата за човекови права на Бундестагот, јави дописникот на МИА од Берлин.

Одлуката според германските медиуми е донесена поради наводните критики за Кина во врска со човековите права во Тибет.

Претседателот на парламентраната Комисија за човекови права денеска изјави дека кинескиот амбасадор во Берлин вршел притисок врз него да го повлече коментарот за Тибет од интернет.

– Самоцензурата е невозможна, изјави Бранд опишувајќи го барањето на амабсадорот како апсурдно.

Бранд, кој е член на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и требало да патува во Тибет кон крајот на мај, побара од германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер да реагира на однесувањето на амбасадорот на Кина.

Според Бранд, за разлика од другите комисии при Бундестагот, членовите на Комисијата за човекови права никогаш не можеле да патува во Кина, поради јасните позиции на Германија за состојбата со човековите права во Тибет, кој од 1951 година е дел од Кина.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина