Кина обвинета за поставување „полициски станици“ во Холандија

Од:

Кинеската влада е обвинета дека поставила најмалку две непријавени „полициски станици“ во Холандија.

Холандските медиуми пронајдоа докази дека „странски услужни станици“, задолжени за обезбедување дипломатски услуги, се користат за да се обидат да ги замолчат кинеските дисиденти во Европа, пренесува Фена, повикувајќи се на Би-Би-Си.

Портпаролот на холандското Министерство за надворешни работи изјави дека постоењето неофицијални полициски станици е незаконско.

Кинеската амбасада во Холандија тврди дека не знае за нивното постоење.

Истрагата е покрената со извештај на невладината организација Safeguard Defenders со седиште во Шпанија.

Според организацијата, канцеларии за јавна безбедност од две кинески провинции формирале 54 „странски полициски служби“ на пет континенти и во 21 земја.

Повеќето од нив се во Европа, од кои девет во Шпанија и четири во Италија.

Во Велика Британија се пронајдени две во Лондон и една во Глазгов.

Единиците, наводно, биле создадени за борба против транснационалниот криминал и за извршување административни должности, како што е обновување на кинеските возачки дозволи.

Според Safeguard Defenders, тие во реалноста спроведуваат „операции за убедување“, чија цел е да ги принудат оние што се осомничени дека зборуваат против кинескиот режим да се вратат дома.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски