Кина: Неопходен закон за Хонгконг

Од:

Кинеските власти соопштија дека е „крајно неопходно“ да се усвои закон за националната безбедност за Хонгконг.

– Крајно е неопходно да се воспостави кинеско национално законодавство и да се подобрат правниот систем и извршните механизми за специјалниот административен регион Хонгконг, со цел да се заштити националната безбедност, изјави Џанг Јесуи, портпарол на Секинескиот народен конгрес, кој денеска почнува со заседавање.

Тој на прес-конференција во Пекинг истакна дека разгледувањето на предлог-одлуката за законот е вклучено во дневниот ред на Конгресот.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио