Кина му даде дозвола за летање на авионот „Боинг 737 макс“

Од:

Кинеските власти денеска му дадоа дозвола за летање на технички надградениот авион „Боинг 737 макс“, по повеќе од две години откако моделот беше приземјен низ светот поради две фатални авионски несреќи.

Кина е последниот голем пазар од кој „Боинг 737 Макс“ чекаше одобрение, откако САД дадоа дозвола за летање во декември 2020 година, а Европската унија во јануари годинава. И Бразил и Канада, исто така, го одобрија продолжувањето на летањето на овој модел на авион од нивните аеродроми.

Државите одлучија да ги забранат летовите на моделот на Боинг по смртта на 246 лица за време на пад на авионот на компанијата „Лајон Ер“ во Индонезија во октомври 2018 година и на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ во март 2019 година.

Воздухопловните испектори за несреќата го обвинија компјутерскиот систем на авионот, што го спуштал клунот на авионот за време на летот.

„Боинг“ мораше да го редизајнира системот, а кинеските пилоти ќе мора да поминат низ нова обука пред да почнат со комерцијални летови.

Веднаш по оваа вест на кинеските воздухопловни власти акциите на комапнија „Боинг“ скокнаа за 4,25 отсто на берзите во САД.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио