Кина ќе ја зголеми официјалната помош за Непал повеќе од пет пати во финансиската 2015-2016 година, соопштија кинеските власти.
Тоа е соопштено по средбата меѓу непалскиот министер за надворешни работи Махендра Бахадур Панде и неговиот кинески колега Ванг Ји.
Зголемувањето на помошта на Кина за Непал се должи за продлабочувањето на врските меѓу двете земји, што се очекува да доведе до посета на кинескиот претседател Кси Џинпинг идната година.
Пекинг на Катманду идната финансиска година ќе додели 128 милиони долари. Средствата се наменети за развој на инфраструктурата во земјата, во замена Кина во Непал ќе отвори полициска академија.
Посетата на кинескиот министер на Непал е дел од неговата турнеја во регионот. Ванг Ли денеска ќе пристигне во тридневна посета на Бангладеш.