Кина ја шпионирала електронската комуникација на Ван Ромпуј

Од:

Европската комисија нема коментар како воопшто Европската унија се справува со шпионирањето и хакирањето на електронската комуникација на нејзините највисоки преставници, по денешната информација на „Блумберг“ дека официјалниот имејл на претседателот на Европскиор совет, Херман ван Ромпуј, бил следен од страна на Кина.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова е вторпат за период од 12 години да биде откриено дека официјалната комуникација на лидерите на ЕУ е следена од странска држава, откако во 2000 година е утврдено дека истото го правеле и САД.

Навистина немаме коментар, гласи официјалнио став на Европската комисија, додека во Советот се спроведува целосна истрага поради ова откритие, посебно што не била следена само електронската комуникација на Ван Ромпуј, туку и на други високи преставници на Унијата.

На денешниот редовен брифинг во зградата на ЕК, претствниците на Комисијата остана без коментар на прашањата на новинарите во врска со тоа како Унијата се штити од странски упади и шпионажи, со оглед на тоа што по вторпат и се случува вакво нешто, но и какви последици може да има за ЕУ дознавањето на доверливи информации за нејзиното функционирање од страна на други држави, кои не се нејзини членки.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ