Кина ја продолжува координацијата и комуникацијата со ЕУ

Од:

Кина ќе продолжи да ја зајакнува стратешката комуникација и координација со ЕУ, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на денешната средба во Пекинг со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Како што јави кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Си истакна дека се надева дека институциите на ЕУ и земјите-членки ќе воспостават објективна и правилна перцепција за Кина.

– Кина ќе остане отворена за европските компании и се надева дека ЕУ може да го елиминира мешањето за да обезбеди фер и транспарентно деловно опкружување за кинеските компании, посочи Си без да прецизира на какво мешање мисли.

Си наведе дека Кина и ЕУ треба да ја зајакнат координацијата за макроекономските политики, заеднички да создадат нови двигатели на раст и да ја гарантираат безбедноста, стабилноста и доверливоста на индустриските синџири на снабдување.

Мишел, кој е во еднодневна посета на Кина, ќе се сретне и со премиерот Ли Кечијанг и со претседателот на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, Ли Жаншу.

Неговата посета уследи откако европските лидери во октомври изразија стравувања за економското потпирање на Кина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Нема конфликт на фундаментални интереси меѓу Кина и ЕУ

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски