Кина изведува поморски воени маневри крај брегот на Тајван

Од:

Кинеската воена морнарица во непосредна близина на брегот на Тајван изведува поморски маневри, во кои е вклучена и ударната поморска формација – носачот на авиони „Лиаонинг“.

Целта на маневрите е зачувување на кинескиот суверенитет, се наведува во официјалното кинеско соопштение, во кое се додава дека станува збор само за рутинска воена вежба. Но, официјален Пекинг се почесто се заканува дека воено ќе го окупира Тајван, спроведувајќи воени вежби и прекршувајќи го неговиот воздушен простор со своите воени авиони, пренесуваат американските медиуми.

Во своето вчерашно соопштение кинеската морнарица не кажува кога маневрите почнале, ниту колку ќе траат, но најави дека ваквите воени вежби ќе се одржуваат редовно.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Тајван

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција