Кина се подготвува да испрати 100.000 патки во соседен Пакистан за да помогне во справувањето со ројот скакулци кои ги јадат земјоделските култури, јави Би Би Си.
Кинеските експерти за земјоделство велат дека една патка може да изеде повеќе од 200 скакулци на ден и да биде поефикасна од пестицидите.
Пакистан прогласи вонредна состојба претходно овој месец велејќи дека бројот на скакулци бил најголем во последните две децении. Милиони инсекти, исто така, уништуваат култури во делови од Источна Африка.
Кинеската Влада неделава објави дека испраќа тим на експерти на Пакистан со цел да развијат „насочени програми“ против наездата на скакулци.
Лу Лижи, истражувач во академијата за земјоделски науки во Жеџианг, ги опиша патките како „биолошко оружје“. Тој рече дека додека кокошките можат да изедат околу 70 скакулци во еден ден, патка може да проголта трипати повеќе од тој број. Тој дополни дека патките остануваат во група, поради што е полесно со нив да се управува отколку со кокошките.
Тестот со патките ќе се спроведе прво во кинеската провинција Синџијанг во следните месеци, по што ќе бидат испратени во најпогодените од скакулци провинции во Пакистан.