Кина го прекинува увозот на јаглен од Северна Кореја и ја остава земјата без девизи

Од:

Кина оваа година целосно ќе го прекине увозот на јаглен од Северна Кореја, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија, а со тоа Пјонгјанг ќе остане без клучниот извор на странска валута.

– Кина времено ќе го прекине целиот увоз на јаглен од Северна Кореја и тоа ќе важи за период до крајот на оваа година, се наведува во соопштението на Министерството.

Со прекин на увозот, кој почнува од утре, е опфатен јаглен за кој веќе се поднесени царински барања, но се уште не се обработени.

Одлуката на кинеските власти следи речиси една недела откако Северна Кореја истрела балистичка ракета, прекршувајќи ги на тој начин резолуциите на ОН.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон вчера побара од кинескиот колега Ванг Ји неговата земја „да ги употреби сите расположливи средства да влијае на дестабилизирачкото однесување на Пјонгјанг“.

Пекинг постојано купувал големи количества севернокорејски јаглен, чија вредност само во октомбри била 101 милион долари, што е клучен извор на девизи за Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета