Кина го цензурираше, „Давид“ на Микеланџело

Од:

Ренесансансниот уметник Микеланџело стана најновата жртва на цензурата во Кина, откако државната телевизија, емитуваше слики од изложбата, ги замати интимните делови од една од неговите најпознати дела, скулптурата „Давид”, пишува „Дејли телеграф”.

Во извештајот од отворањето на изложбата на дела од ренесансата, уредниците на кинеската државна телевизија, донесоа одлука да ги замаглат интимните делови, што предизвика серија на шеги и критика на социјалните сајтови.

На изложбата која ќе бидат презентирани 67 дела од ренесансансни уметници како што се Сандро Ботичели, Леонардо да Винчи, Микеланџело и Рафаело, беше отворена минатата недела и ова, според извештаите во медиумите, е една од најскапите колекции, некогаш изложени во „Националниот музеј на Кина” во Пекинг.

 

 

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал