Кина ги запира градежните активности во Јужно Кинеско Море

Од:

Кина ги прекина градежните активности на спорните територии во Јужно Кинеско Море, изјави денеска кинескиот шеф на дипломатијата Ван Ји, цитиран од ТАСС.

– Кина веќе ја запре работата. Можете да се качите на авион и да погледнете, рече Ји по средбата со министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур.

Дел од земјите на АСЕАН изразуваат загриженост од  тоа што Кина изведува насипување на плиткиот дел од брегот со цел да ја прошири територијата на некои од островчињата во регионот за кого е во спор со своите соседи.

Ји и тајландскиот колега Танасак Патимапрагорн соопштија дека Кина и АСЕАН се согласиле да ги забрзаат консултациите за Кодексот на однесување, што ќе се однесува на Јужно Кинеско Море.

Двајцата, на заедничката прес конференција, изјавија дека земјите надвор од регионот треба да се воздржат од активности кои можат да ја заострат или усложнат ситуацијата во морето.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина