Додека светот ги следи информациите за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, државниот весник „Родонг шинмун“ објави дека Ким испратил писмо со благодарност до градежните работници, кои се ангажирани на модернизација на градот Самјијон.
Во Самјијон е роден таткото на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ул.
Ким не е виден во јавност од 11 април, кога се одржа состанок на политичкото биро на Централниот комитете на Работничката партија на Кореја. Тој не присуствуваше на церемонијата на 15 април, кога се одбележува роденденот на неговиот дедо Ким Ил-сунг, осовач на Северна Кореја. Ким не се појави и вчера на одбележувањето на 88 години од формирањето на севернокорејската армија.
Откако вчера се појавија различни информации за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се уште нема официјална потврда за неговата здраствена состојба од Пјонгјанг.
Дел од медиумите објавија дека тој е во кома откако на 12 април му била извршена операција на срцето, додека на социјалните мрежи беше објавено дека Ким починал.
При неговата евентуална смрт, експертите предупредуваат, дека Северна Кореја би можела да се соочи со голема хуманитарна криза, дури и граѓанска војна.