Ким му испаќа оружје на Путин: Почна испораката за војната во Украина

Од:

Северна Кореја почна да пренесува артилерија во Русија, зајакнувајќи ги силите на претседателот Владимир Путин во војната во Украина, изјави неименуван американски функционер за CBS News.

Тој не кажа дали трансферот е дел од нов, долгорочен синџир на снабдување или ограничена пратка, ниту што добива Северна Кореја за возврат за оружјето.

За време на состанокот во Русија минатиот месец, Ким му рекол на Путин дека може да смета на целосната и безусловна поддршка од Северна Кореја за глобалната борба на Русија за одбрана на нејзините безбедносни интереси, пишува американскиот ТВ канал.

Висок јужнокорејски функционер изјави за CBS News дека Сеул е загрижен дека Ким може да побара технологија од Русија за изградба на подморници на нуклеарен погон и понапредни ракети и сателити, покрај соработката за конвенционално оружје.

Официјалниот претставник предупреди дека доколку билатералните врски меѓу Русија и Северна Кореја се продлабочат до тој степен, тоа ќе ја зајакне способноста на Ким да им се заканува не само на блиските азиски сојузници на Америка, Јужна Кореја и Јапонија, туку и на целиот свет.

Од друга страна, како што јави Си-Би-Ес, САД им предале на украинските сили залихите на муниција запленети од Иран, соопшти американското Министерство за правда.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски