Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун изјави дека судирот до САД влезе во „последна фаза“, додавајќи оти севернокорејската интерконтинентална балистичка ракета може да носи „голема, тешка нуклеарна глава“.
Според експертите вчера лансираната ракета може да стигне до Алјаска.
Во исто време американскиот државен секретар Рекс Тилерсон повика на глобална акција откако Северна Кореја тестираше новоразвиена интерконтинетална балистичка ракета. Тој тоа го оцени како ескалација на нуклеарната закана од Пјонгјанг.
– Секоја земја која прима севернокорејски работници или пружа економска или воена помош на Пјонгјанг или пак не ги применува санкциите на Обединети нации тогаш помага еден опасен режим, посочи Тилерсон.
САД вчера побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН откако Северна Кореја објави дека ја тестирала својата прва интерконтинентална балистичка ракета.