Ким Џонг-ун остро против странските влијанија: смртна казна за гледање американски филмови

Од:

Северна Кореја воведе нов закон, со кој сака да спречи какво било странско влијание кај своите граѓани, предвидувајќи драконски казни за луѓето кај кои ќе се открие дека поседуваат странски филмови, облека, па дури и ако користат изрази од говорот со „непријателски“ влијанија.

Животот во Северна Кореја е во постојан „локдаун“ без интернет и социјални мрежи, а во земјата има само неколку државни телевизиски канали, на кои се прикажува она што треба да го слушне народот од лидерите, пишува Би-би-си.

Меѓутоа, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун сега воведе нов, сеопфатен закон против она кое режимот го опишува како „реакционерна мисла“.

Имено, на секој кој ќе биде фатен со големо количество видеосодржини од Јужна Кореја, САД или Јапонија, му следува смртна казна, а на оние кои гледаат такви снимки им се заканува 15 години затворска казна.

Неодамна Ким Џонг-ун испрати порака преку државните медиуми, во која ја повика Лигата на млади да преземе мерки против „индивидуалистичкото, антисоцијалистичко однесување“ меѓу младите, а сега сака да ја прекине употребата на странски изрази, фризури и облека, за кои смета дека се „опасни отрови“.

Политички аналитичари оценија дека севернокорејскиот лидер се обидува да ги запре надворешните информации кои доаѓаат до луѓето во Северна Кореја, бидејќи, како што велат, животот во земјата станува сè потежок.

Северна Кореја сега, откако ги затвори своите граници поради пандемијата, е отсечена од надворешниот свет повеќе од кога било досега, па дури и трговијата со соседна Кина и приливот на витални залихи се речиси целосно прекинати.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт