Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети областите погодени од поплавите во близина на реката Амнок на северот од земјата и водеше операција за спасување на околу 5.000 жители користејќи воени хеликоптери, објавија утрово севернокорејските државни медиуми.
Медиумите објавија дека Ким во неделата ги посетил областите во провинцијата Северен Пјонган кои се погодени од поплави по рекордните врнежи на северот на земјата.
Врз основа на наредбата на Ким, воздухопловните сили мобилизираа десетина хеликоптери за да евакуираат околу 5.000 жители, пренесува Јонхап.
Ким ги обвини релевантните службеници дека не ја спречиле штетата од поплавата.
На состанокот на 22 јули, севернокорејскиот лидер им наредил на надлежните агенции да ги спроведат сите мерки за да се спречат штетите од потенцијалните обилни врнежи и да се фокусираат на санирање на последиците од поплавите.