Киев: Посетата на Медведев на Крим е дрскост и провокација

Од:

Украинското Министерство за надворешни работи оцени дека денешната посета на рускиот премиер Дмитриј Медведев на Крим е „намерна провокација“ со цел да се дестабилизира земјата на денот кога се одржуваат претседателските избори.

– Посетата на рускиот премиер на окупираната Украина на денот на претседателските избори во Украина е дрскост и намерна провокација со цел да се дестабилизира земјата, соопшти Министерството, веднаш по доаѓањето на Медведев во Крим.

Медведев во Крим, кој во март е приклучен кон Русија по референдумот на кој граѓаните гласаа за независност на тој украински регион, им подели руски пасоши на неколку жители на Полуостровот.

Рускиот премиер ја почна ненадејната дводневна посета на Крим до пристигнување во канцеларијата за миграции, каде им подели пасоши за новите руски државјани.

– Среќно со вашите нови руски пасоши, изјави Медведев, врачувајќи и го пасошот на една девојка од Севастопољ.

Шефот на руската Федерална служба за миграции, кој го придружува Медведев, Константин Ромодановски, изјави дека во процедурата е издавање на руски пасоши за 850 илјади граѓани на Крим, кој има околу два милиони жители и оти се печатат ушрте 900 илјади.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек