Киев подготвен за преговори со Москва

Од:

Украина смета дека казната од седум милијарди долари за непреземен гас од рускиот „Газпром“ е неправедна и оти не одговара на пазарните односи, изјави денеска украинскиот претседател Виктор Јанукович.

Тој на прес-конференција во Литванија нагласи дека Киев е подготвен за тоа да преговара со Москва, но и оти очекува поголема ангажираност на Европската енергетска заедница за гасниот спор меѓу Украина и Русија.

– Кога Русија на Украина и ја достави сметката од седум милијарди долари, се надевавме на некој коментар од Енергетската заедница, на нивен став, истакна Јанукович и додаде дека Украина повеќе пати ипратила писмо од Енергетската заедница, но не добила одговор.

Украина неколку години се обидува да ги ревидира спогодбите за увоз на гас од Русија поради превисоките цени и преголемите количини, кои се претходно договорени.

Украинскиот „Нафтогаз“ бара годишната количина да се намали на 27 милијарди кубни метри, но рускиот „Газпром“ инсистира да остане на 52 милијарди кубни метри, колку што е договорено за 2012 година.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности