Киев: Изгубивме околу половина од нашата воена опрема

Од:

Вооружените сили на Украина загубија околу половина од својата воена опрема за време на борбите, изјави заменикот-министер за одбрана Володимир Карпенко.

– Зборувам само за тешко вооружување. Денеска имаме околу 30-40 отсто, а понекогаш и до 50 отсто од загубата на опрема како резултат на активни битки. Значи изгубивме околу 50 отсто, беше цитиран Карпенко од украинското издание Лига, пренесуваат западни медиуми.

– Имаме загуба од околу 1.300 пешадиски борбени возила, 400 тенкови и 700 артилериски системи, рече Карпенко, додавајќи дека испораките на оружје од западните земји покриваат до 15 отсто од потребите на Украина.

– Ни треба артилерија, потребна ни е артилериска муниција, борбени возила за пешадија, борбени возила, тенкови. Навистина ни требаат системи за противвоздушна одбрана и ракетни гранати, рече тој. Според него, вооружените сили на Украина мора да надополнат 700 артилериски системи кои биле уништени во битки, а само 100 такви системи добиле од Запад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ