Осумдесет и тригодишна американска калуѓерка е киднапирана во Буркина Фасо, јави Би-Би-Си.
Соопштено е дека вооружени лица ја киднапирале женски манастир, каде тие вандализирале простории.
Потрагата по калуѓерката е во тек.
Неколку лица од Западот беа киднапирани од исламистичките милитанти во северниот дел на Буркина Фасо и други делови на Сахел во изминатите години, потсетува Би-Би-Си.
Извор: МИА