Кибер нападите во светот на годишно ниво предизвикуваат штети од 0,5 проценти од вкупниот БДП, а на глобалната економија и нанесува поголема штета од продажбата на наркотици и пиратеријата заедно, се наведува во извештајот „Глобална цена на кибер криминалот“.
Според извештајот на групацијата „Мекафи“, со седиште во Калифорнија, кибер криминалот моментално е така голем бизнис што носи заработка поголема од вкупното богатство на некои држави.
Како „стопанска гранка“, во однос на приходите би бил на 27. место во светот, а моментално светот го чини над 400 милијарди евра и околу 200.000 работни места.
Според извештајот моментално постојат 20 до 30 групации на кибер криминалци кои функционираат на национлано ниво, што значи дека работат со индустриски размери и дека се способни да пробијат каква било одбрана на Интернет.