Кетрин Ештон ќе остане специјална советничка на ЕУ за нуклеарните преговори со Иран, иако повеќе не е шеф на европската дипломатија, соопшти ЕУ.
– Со цел да обезбедиме континуитет во преговорите, што бара целосна посветеност, Кетрин Ештон ќе помогне и ќе го олесни нивното спроведување, се наведува во соопштението на Унијата.
Иран и шесте светски сили минатиот месец се успејаа да го решат спорот околу нуклеарните амбиции на Техеран, кој трае веќе 12 години, така што рокот за постигнување на историскиот договор е продолжен за уште седум месеци.