Керн: Да се забранат митинзите на турските политичари во ЕУ

Од:

Австрискиот канцелар Кристијан Керн денеска повика да се забранат митинзите на турските политичари во ЕУ за да се спречи оделните земји членки на Унијата, како што е Германија, да се најдат под притисок на Анкара.

Во интервју за неделното издание на германскиот весник „Велт“, Керн ја повика ЕУ да ги прекине преговорите со Турција за членство во блокот и да ја отфрли или ограничи помошта од 4,5 милијарди евра, што е планирана за Турција до 2020 година.

-Треба да ги преформулираме односите со Турција без илузии за членство во ЕУ, истакна австрискиот канцелар, пренесуваат британските медиуми.

Според него, во изминатите неколки години Турција се повеќе се одалечуваше од Европа, газејќи ги човековите права и демократските вредности, додека „не може ни да се зборува за некаква слобода на медиумите во оваа земја“.

Керн, исто така, го критикуваше апсењето на германскиот новинар од турско потекло, Дениз Јуџел, инаку дописник на весникот „Велт“, барајќи го неговото итно ослободување, а го критикуваше и апсењето на многу други новинари, академици и државни службеници во Турција.

Меѓутоа, австрискиот канцелар укажа дека Турција останува важен партнер на ЕУ за прашањата на безбедноста, миграцијата и економската соработка, истанувајќи дека Анкара ги исполни обврските што ги имаше во согласност со спогодбата со ЕУ за мигрантите.

Турција вчера најави дека, и покрај противењето на властите во Германија и Холандија, ќе продолжи да оддржува митинзи во двете земји за Турците, кои таму живеат, да ги повика да го поддржат референдумот закажан за 16 април на кој граѓаните ќе се изјаснуваат за зајакнување на ингеренциите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години