Лидерот на Социјалдемократската партија и канцелар на Австрија, Кристијан Керн најави дека доколку изгуби на претстојните парламентарни избори нема да влезе во ниту една влада.
– Ако победиме ќе останам канцелар, а ако изгубиме тогаш одиме во опозиција и Австрија ќе ја води коалиција од Народната партија и Слободарската партија, предупреди тој, гостувајќи на националната телевизија ОРФ.
Изборите во Австрија се закажани за 15 октомври 2017 година.