Кери со повик до Пакистан да се бори против терористичките групи што се закана за регионот

Од:

Пакистан треба да се бори со вооружените групи што се закана за интересите на Авганистан, Индија и на САД, изјави денеска во Исламабад државниот секретар на САД, Џон Кери.

Тој исто така изрази сочувство за жртвите од нападот од 16 декември врз пакистанско училиште.

Западот одамна се сомнева дека Пакистан игра двојна игра, се бори против некои вооружени групи, но поддржува други кои според него може да бидат искористени против неговите противници и соседи – Авганистан и Индија, наведуваат западни медиуми.

Кери кој е во посета на Пакистан вели дека сите екстремистички групи треба подеднакво да бидат напаѓани.

– Терористичките групи како пакистанските и авганистанските талибанци, мрежата Хакани, Лашкар-е-таиба и други продолжуваат да бидат закана за Пакистан, за неговите соседи и САД, и сите ние сме должни да ги спречиме да постојат, но и да направиме во пракса Пакистан да заборави на нив. Очигледно дека таа задача не е сосема исполнета, изјави тој.

Кери во минатиот викенд беше во посета на Индија и рече дека е загрижен од неодамнешните насилства по границата меѓу двете држави во реонот на Кашмир.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија