Кери: САД разгледуваат како да и помогнат на сириската опозиција, но се уште без одлука

Од:

Американски претставници дебатираат во моментот на каков начин може да и се помогне најдобро на сириската опозиција во граѓанската војна против владините сили, но допрва треба да се донесат решенија, изјави државниот секретар на САД Џон Кери без да даде детали.

– Одлучни сме да направиме се за да и помогнеме на опозицијата да ја спаси Сирија, изјави Кери на прес конференција со британскиот минстер за надворешни работи Вилијам Хејг.

– Луѓето зборуваат за некакви идни акции за Сирија…но, ние немаме што да објавиме во овој момент, изјави тој. Истовремено нагласи дека „изборот на оружје (од страна на сирискио режим) упатува предизвик за вредностите и стандардите на хуманото однесување“.

– Така како што се одвиваат работите во Сирија, нема да има победник. Народот ќе загуби, Сирија како држава ќе загуби, додаде Кери.

Хејг изјави дека може да побара Велика Британија и други држави да ги засилат напорите за да и се помогне на сириската опозиција, но се воздржа од детали.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа