Кери: САД ќе испратат 10 милиони долари помош за Непал

Од:

САД ќе испратат 10 милиони долари помош за Непал, кој во саботата беше погоден од катастрофален земјотрес, во кој загинаа над 4.000 луѓе, соопшти денеска американскиот државен секретар Џон Кери.

Кери ја објави информацијата за зголемување на американската помош на заедничка прес-конференција со јапонскиот колега Фумио Кишида во Њујорк.

Тој истакна дека е премногу загрижен поради бројот на жртвите и причинетата материјална штета во хималајската држава.

Кери додаде дека Вашингтон соработува со непалската Влада со цел да им се укаже помош на настраданите.

Шефот на јапонската дипломатија нагласи дека неговата земја ќе обезбеди осум милиони долари помош за Непал.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес