Кери: Разговорите се продуктивни, но треба да се видат резултатите

Од:

Американскиот државен секретар, Џон Кери денес изјави дека трилатералниот состанок со авганистанскиот претседател Хамид Карзаиј и авганистанските официјални лице, кој го организираше во Брисел беше продуктивен, но дека напредокот ќе се види според конкретните резултати.

-Имавме целосен, продуктивен и конструктивен дијалог, но напредокот ќе се мери според резултатите, а не според изјавите на прес-конференции-истакна Кери, по состанкот со Карзаиј, шефот на вооружените сили Ашфак Кајаниј и пакистанскиот министер за надворешни работи Џалил Абас Дзиланиј.

Тој додаде дека има уште многу нешта да се направат и дека не сака да ги зголемува очекувањата или пак да вети нешто што не може да исполни.

Тема на состанокот беше и безбедноста и останатите прашања кои што се однесуваат на регионот, како и подготовките за 2014 година.

Вашингтон смета дека Пакисан е клучен за воспоставување мир со талибанските бунтовници, кои од 2001 година се борат против владата во Авганистан и странските војници, кои ги предводи САД.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа