Кери пристигна во ненајавена посета на Авганистан

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во ненајавена посета на Авганистан, пренесоа светските агенции.

Кери пристигна во Кабул, два дена откако во воената академија во близина на авганистанската престолнина авганистански војник на обука застрела американски генерал и неколкумина други НАТО војници, посочуваат американските медиуми.

Кери во Кабул ќе се сретне со двајцата претседателски кандидати Абдула Абдула и Ашраф Гани, кои минаа во вториот круг од претседателските избори. Средбата ќе биде негов обид да се намали тензијата меѓу двајцата кандидати, кои взаемно се обвинуваат за изборни измами. Поради овие обвиненија во Авганистан повторно има пребројување на гласовите и земјата е во политичка блокада.

Кери ќе се сретне и со актуелниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи, пред да замине за Мјанмар каде ќе учествува на азискиот безбедносен форум.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина