Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека НАТО треба да размисли за својата улога во сириската криза, вклучително и за евентуална реакција на потенцијална закана од хемиско оружје.
– Треба да размислиме за улогата на НАТО во однос на сириската криза, истакна Кери во соопштение, подготвено за средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. Тој додаде дека веќе направеното планирање од Алијансата е соодветно.
Според Кери, потребно е внимателно и заедничко размислување за тоа колку НАТО е подготвено да реагира, за да ги заштити своите членови од сириската закана, вклучително и заканата од хемиско оружје.