Кери: Либија на пат да создаде влада на национално единство, но е под закана од ИД

Од:

Либија е на пат да создаде влада на национално единство, но екстремистите од Исламска држава може да посегнат по нејзиното нафтено богатство, предупреди американскиот државен секретар Џон Кери.

Припадници на Исламска држава ја нападнаа нафтената инфраструктура на Либија и се сместија во либискиот град Сирт, користејќи го вакуумот во власта, односно ситуацијата во земјата, каде двете сопернички власти се борат за власт.

– Во Либија сме на чекор од создавање на влада на национално единство, изјави Кери на конференцијата во Рим, на која учествуваат 23 земји.

Претставниците на земјите дискутираа за начините на одземање на териториите во Сирија и Ирак од ИД и за начините за ограничување на нејзиното влијание, особено во Либија.

– Таа земја има ресурси. Лажен калифат со пристап до приходите од нафта вредни милијарди долари е последното нешто на светот што го посакувате, рече Кери.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија