Кери Лам: Поразот на прокинеските кандидати го одразува незадоволството на жителите на Хонг Конг

Од:

Лидерката на хонгконшката влада Кери Лам денеска призна дека големиот пораз на прокинеските кандидати на локалните избори го одразува незадоволството на жителите од начинот на кој владата се соочи со политичката криза во оваа автономна кинеска територија.

Изборите ја покажаа загриженоста заради „недоволната способност на владата, како и незадоволството заради времето што и беше потребно да се носи со моменталната нестабилност, и секако, со запирањето на насилството“, рече Лам на прес конференција во градот.

Продемократските кандидати во неделата освоија речиси 90 отсто од мандатите на изборите за окружните совети, изјавија лидерите на опозицискиот блок.

Резултатите од изборите се толкуваат како јасен прекор за Лам заради нејзиниот однос кон насилните протести во Хонг Конг во изминатите месеци.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио