Американскиот претседател Барак Обама во наредните неколку дена ќе одлучи дали Куба да биде отстранета од листата на држави-спонзори на тероризам, рече шефот на американската дипломатија Џон Кери.
Барак Обама и претседателот на Куба, Раул Кастро во саботата се состанаа во Панама. Ова беше прв состанок на такво ниво од 1956 година.
На листата на која се и Сирија, Судан и Иран, Куба е од 1982 година, поради прифаќање на екстремисти од баскиската сепаратистичка организаација ЕТА и колумбијските герили ФАРК.
Државниот секретар во неделата призна дека неговото министерство после долго разгледување на случајот со Куба му дало препорака на претседателот Обама.
„На претседателот му оставам простор да донесе одлука на основа на нашите препораки. Тој таа одлука ќе ја донесе во наредните денови“, изјави Кери за „Си-Би-Ес“
САД и Куба ги прекинаа прекинаа дипломатските односи во 1961 година.
Половина век подоцна, Кастро и Обама на 17-ти декември го изненадија светот со објавување на одлуката за историското помирување на овие две земји, по 18 месеци водење преговори во најголема тајност.
Извор: МЕТА