По речиси тригодишен прекин Израел и Палестинците постигнаа базичен договор за обновување на мировните преговори, вечерва соопшти американскиот државен секретар Џон Кери, цитиран од светските агенции.
Кери прецизираше дека спогодбата се уште не е формулирана, и затоа одби да даде датели за неа.
Ако двете страни во конфликтот конечно го прифатат договорот, израелскиот и палестинскиот главен преговарач, Ципи Ливни и Саеб Еракат, идната недела ќе отпатуваат за Вашингтон за да го обноват мировниот процес, дополни државниот секретар на САД.