Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека 70-годишнината од бомбардирањето на Хирошима покажува колку е важен нуклеарниот договор со Иран, пренесоа американските медиуми.
На средбата со јапонскиот колега Фумио Кишида, на самитот на АСЕАН во Куала Лумпур, Кери кажа дека годишнината од Хирошима е „многу, многу силно потсетување“ за постапките во војната и нејзините последици, кои и денеска се чувствуваат од луѓето и земјите.
Кери додаде дека годишнината ја демонстрира и важноста на договорот со Иран, што, според американската администрација, на Техеран нема да му дозволи да разработува нуклеарно оружје.
Тој посочи дека денеска САД и Русија работат на кастрењето на постојните нуклеарни арсенали.
Кери истакна дека денеска САД и Јапонија ги поврзуваат добри односи.
-Ние сме големи демократии, кои заедно работат и ги споделуваат исти вредности, имаат заеднички поглед на иднината, рече американскиот државен секретар.