Американскиот државен секретар Џон Кери го предупреди Израел дека можеби ја има последната шанса за постигнување мировен договор со Палестинците.
– Времето не притиска. Поволните можности е реткост. Доколку не успееме сега, можеби нема да имаме друга шанса, предупреди Кери на средба со американската еврејска организација во Вашингтон.
Тој исто така нагласи дека САД нема да му дозволат на Иран да се стекне со нуклерано оружје.
Американскиот државен секретар следната недела повторно ќе го посети Блискиот Исток, изјави вчера палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малки. Тоа ќе биде петта посета, откако Кери ја зазеде функцијата.
Израелско-палестинските мировни преговори се замрзнати од септември 2010 година.