Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави дека секое незаконско преземање на власта во Авганистан би довело до стопирање на американската помош во областа на финансиите и на безбедноста.
Тој наведе дека предлозите за „паралелена влада“ во Авганистан предизвикуваат сериозна вознемиреност.
Според првичните резултати од вториот круг на претседателските избори поранешниот министер за финансии Ашраф Гани Ахмаџај води пред неговиот ривал Абдула Абдула. Голем број на гласачки ливчиња се неважечки, а од штабот на Абдула резултатите ги оценија како „преврат“.
Кери наведе дека очекува авганистанската изборна институција да ги разгледаат сите основани тврдења за нерегуларностите.