Новиот секретар за државна безбедност на САД, Џон Кели се надева дека ѕидот на јужната граница на САД со Мексико ќе биде завршен во рок од две години.
„Ѕидот ќе биде изграден прво таму каде што е најпотребен, за потоа да пополнуваме измеѓу. Навистина се надевам дека ќе биде завршен во наредните две години“ изјави Кели во интервју за Фокс њус.
Кели, кој уште во предизборната кампања беше еден од главните поборници за изградба на ѕидот, смета дека финансирањето за овој масивен проект ќе биде одобрено од Конгресот релативно брзо.