Казиното „Трамп Таџ Махал“ продадено на „Хард рок“

Од:

Казиното „Трамп Таџ Махал“ (Trump Taj Mahal) во Атлантик Сити, во американската држава Њу Џерси, официјално премина во рацете на компанијата „Хард рок интернешенел“ (Hard Rock International), пренесе ТАСС.

Вчера беше финиширана продажбата на казиното, што во моментов е затворено, а во 1990 година го изгради сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Компанијата „Хард рок“, со седиште во Флорида, а која управува со популарната мрежа од кафетерии „Хард рок кафе“ (Hard Rock Cafe), казиното на 1 март го купи од инвеститорот Карл Ајкан, близок пријател и советник на американскиот претседател.

Казиното со површина од 11. 000 квадратни метри, изградено од Трамп за околу милијарда долари, своите врати ги отвори во 1990 година. Во 2014 година „Трамп Таџ Махал“ се најде на работ на банкрот и најави затворање, но Ајкан во него вложи 20 милиони долари. Неговата компанија „Ајкан ентерпрајс“ (Ichan Enterprises) стана сопственик на казиното, задржувајќи го претходното име. Во октомври минатата година беше одлучено играчницата да биде затворена за темелен ремонт, потсетува ТАСС.

„Хард рок“ планира неделава да свика прес конференција на која ќе ги претстави своите планови за казиното, кое сака повторно да го отвори следната година.

Цената на зделката не беше откриена, но главниот извршен директор Џејмс Алан изјави дека купувањето и реновирањето „Хард рок“ ќе го чинат околу 300 милиони долари, посочуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма