Казахстан: Утре почнува повлекувањето на војниците на ОДКБ

Од:

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев изјави дека војниците на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), предводени од Русија, утре ќе почнат да се повлекуваат од Казахстан, јави вечерва Радио Слободна Европа.

Воен контингент на ОДКБ пристигна во Казахстан на 6 јануари, откако раководството на земјата побара воена помош од блокот предводен од Русија, поради насилните немири.

Протестите предизвикани од поскапувањето на горивото прераснаа во трагични немири за време на кои безбедносните сили и демонстрантите се судрија на улиците низ земјата.

Во денешното соопштение на ОДКБ, сојуз кој го сочинуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија и Таџикистан, се наведува дека повлекувањето на околу 2.000 војници од Казахстан треба да трае десет дена.

Засега не е познат точниот број на загинати во немирите.

Казахстанските медиуми денеска објавија дека се приведени уште 1.700 лица, со што вкупниот број на уапсени за време на немирите достигна речиси 10.000.

Би можело да ве интересира

12 повредени во верижна сообраќајка на 95 возила

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија веројатно е одговорна за падот на авионот во Казахстан, тврди Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Русите се огласија за авионската несреќа: Украина е виновна

Горан Наумовски

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“