Каудер: ЕУ ќе одговори со реципроцитет на американската трговска политика

Од:

Доколку администрацијата на претседателот Трамп воведе нови тарифи за стоките од други земји, Европската Унија ќе одговори со реципроцитет, најави Фолкер Каудер висок претставник на германската владеачка партија ЦДУ и близок соработник на канцеларката Меркел.

Во интервју за магазинот „Фокус“ координатор на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, вели дека меѓу САД и ЕУ не треба да има тарифна војна, но дека доколку Трамп го направи првиот чекор во тој правец Унијата ќе мора да возврати, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

-Европа мора да го задржи своето право да одговори со исти методи. Треба да разговараме со Трамп и неговите луѓе за тоа како изолационистичката политика нема да им помогне ниту на Америка, ниту нам, вели Каудер, кој е сериозно загрижен за глобалните економски политики на Доналд Трамп.

Новата американска администрција во јануари најави воведување на 35 отсто царина за германските автомобили што се произведуваат во Мексико, а за ништовен го прогласи мултилатералниот Азиско – Пацифички трговски договор.

Вашингтон во исто време најави дека повторно ќе преговара за трговскиот договор со Канада и Мексико, во обид да ги заштити домашните индустрии со воведување на царини за странските стоки.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ