Одбивањето на медицинскиот персонал на двете клиники во Келн со кои управува Католичката црква, да и помогне на една млада жена која е силувана и да и препишат апче за ден потоа предизвика серија протести во германската јавност, пишува денешното издание на Дојче Веле, додавајќи дека згрозувањето на јавноста на крајот сепак, беше премногу големо.
По бурата од протести, се јави и келнскиот кардинал Јоаким Меиснер и се извини за непружањето на помош од страна на медицинскиот персонал на клиниката Св Винценц и на болницата Светиот Дух во Келн. Но, кардиналот, кој важи за перјаница на конзервативниот католицизам во германската Католичка црква, и за многу близок до папата Бенедикт Шеснаесетти, веднаш – за да нема забуна – додаде:
Апчето за ден потоа и понатаму треба категорично да се одбива, рече кардиналот.
Се започна од признанието на младата жена која во средината на декември беше жртва на силување. Лекарите на двете клиники со кои управува Католичката Црква – кои како и многу други во Германија, главно ги финансира државата – одбиле да ја прифатат и прегледаат 25-годишната девојка.
Како што пишува Дојче Веле нивното образложение е дека лекарите морале на жртвата да и укажат на можноста да остане бремена и можноста да користи т.н. “апче за ден потоа”, која ако се користи во краток период по сексуален однос, го спречува развојот на бременоста.
А тоа Католичката црква категорично ги отфрла – повикувајќи се врз принципот на заштита на сите форми на живот, па дури и самиот чин на силување на оплодената јајце клетка.