Катами: Иран треба да ги заостри мерките против демонстрантите

Од:

Иранското правосудство треба да преземе построги мерки против учесниците на протестите, а сите што мислат дека владата во Иран ќе биде соборена грешат, изјави денеска тврдокорниот ирански свештеник Ахмад Катами.

Катами, за време на проповедта во Техеран, рече дека иранското правосудство мора да се справи со демонстрантите на таков начин што другите да не помислат да учествуваат во немирите, пренесоа иранските медиуми.

Протестите во Иран траат од 16 септември поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина откако беше приведена од полицијата за морал поради неправилно носење на хиџаб.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он