Каталонските сепаратисти почнаа предизборна кампања на Националниот ден на Каталонија

Од:

Приврзаниците на идејата за независност на Каталонија денеска започнаа предизборна кампања во обид да обезбедат мнозинство во регионалниот парламент на изборите закажани за овој месец.

Кампањата за регионалните избори на 27 септември започна на Националниот ден на Каталонија. Сепаратистите го користат празникот за собирање илјадници луѓе во Барселона на демонстрации со барање да биде создадена нова држава на Средоземно Море.

Пред денешниот протест носителот на предизборната листа на блокот партии, кои се залагаат за независност, изјави дека е неопходно Каталонците да го изразат својот став директно на референдум. Но, бидејќи централните власти во Мадрид го одбија тоа, изборите на 27 септември ќе покажат кој е ставот на населението, истакна Раул Ромева.

Тој и неговите сојузници се борат за 68 места во 135 члениот парламент и според анкетите, тие би требало да освојат слабо мнозинство.

Приврзаниците на идејата за независност тврдат дека ако победат на изборите, тоа ќе им даде мандат да изработат каталонски устав и да започнат преговори со централната власт за отцепување од Шпанија. Можно е и еднострано прогласување на независност од регионалниот парламент до 2017 година.

– Подготвен сум да го доведеме до крај овој процес, ако имаме мнозинство во парламентот, изјави регионалниот лидер Артур Мас.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата