Каталонија може да прогласи независност од Шпанија?

Од:

Каталонија може да прогласи независност од Шпанија по следните локални избори. Портпаролот на каталонската влада изјави дека автономната област тргнала по патот кон независност и веќе нема враќање назад.

Ова може да се случи преку референдум или еднострано прогласување на независноста од локалниот парламент по изборите.

Изјавата беше дадена по вчерашната средба на шпанскиот премиер Маријано Рахој со каталонскиот премиер Артур Мас, на која Рахој го отфрли барањето областа сама да ја определува својата даночна политика.

Каталонија од Брисел побарала да и се дадат „патокази“ за членство во Европската унија и еврозоната како независна држава, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени