Кастро се извини за стореното – осуден на доживотен затвор

Од:

Американски суд го осуди Ариел Кастро на доживотен затвор, без право на помилување, поради киднапирање, силување и држење во заложништво на три жени во американската сојузна држава Охајо.

Покрај тоа е осуден на уште 1.000 години за дополнителни злосторства.

Кастро се извини за стореното, потенцирајќи дека не е чудовиште. За себе кажа дека е болен зависник од порнографија, но дека не е насилна личност по природа.

Пред присутните во судницата тврдеше дека имал сексуални односи со трите жени со нивна согласност и дека тие не биле мачени.

Постигнувајќи договор со обвинителството минатата недела, монструмот ја избегна смртната казна за злосторствата што го направил. Тој призна дека е виновен по 937 точки од обвинението.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски