Кубанскиот претседател Раул Кастро изјави дека Куба и САД набрзо ќе именуваат амбасадори во Вашингтон и во Хавана, откако Куба ќе биде отстранета од американската листа на земји кои го поддржуваат тероризмот.
САД и Куба во моментот имаат дипломатски претставништва на пониско ниво, односно одделенија за интереси наместо амбасади.
Американскиот претседател Барак Обама минатиот месец ја најави одлуката за бришење на Куба од листата земји кои поддржуваат тероризам, со што се отвора патот за отвроање на амбасади. Рокот од 45 дена за стапување на одлуката на Обама истекува на 29 мај.
Кастро и Обама во декември објавија дека ќе работат на обновување на дипломатските односи.